На 18.05.2020 во 10.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во с.Ерџелија, светиниколско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Кочани, изгубило контрола и удрило во бетонски столб. По незгодата С.С. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
На 18.05.2020 во 18.15 часот на локалниот пат с.Фалише – Тетово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(23) од Тетово, изгубило контрола и удрило во бетонски столб.
По незгодата, сопатникот С.М.(36) бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.