Интегрален текст од соопштение на дополнителниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Пресудата на Вишиот Управен суд, а во врска со спорните унапредувања во Министерството за финансии.
-Своевремено информирав за неправилностите при постапувањето во Министерството за финансии, опстукциите кон моето работење, непочитувањето на моите права како дополнителен заменик министер за финансии, како и за грубото кршење на одредбите од Законот за Владата. Моите кажувања за неправилното и незаконско постапување се покажаа како ТОЧНИ, за што потврдува и Пресудата на Вишиот Управен суд.
Со оваа Пресуда, Одлуката на ДИК во однос на тоа дека унапредувањата во Министерството за финансии не биле правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите се ПОНИШТУВА, а Одлуката на Управниот суд со која се потврдуваше Одлуката на ДИК се ПРЕИНАЧУВА, дотолку повеќе што истата се оценува како незаконита.
Со Пресудата на Вишиот Управен суд се докажа дека се постапувало спротивно на законските прописи и дека Министерот за финансии не го почитува моето право како дополнителен заменик министер на рамноправно учествување во остварувањето на надлежностите предвидени со Закон.
Уште повеќе оваа Пресуда е доказ дека нивното постапување е спротивно со принципот на владеењето на правото, за што јас и ВМРО – ДПМНЕ се бориме и ќе се бориме да не им помине!