Дисциплинска постапка за обезбедувањето на Џафери по претставка на Алексоски

Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи бара дисциплинска одговорност на шефот и двајца други членови обезбедувањето на собранискиот спикер, Талат Џафери, потврдуваат за Фокус од МВР.

Постапката е отворена по претставката поднесена од Синиша Алексоски, поранешниот разузнавач и поранешен советник на претходниот претседател, Ѓорге Иванов кој беше повикан во полициска станица бидејќи наводно пред речиси два месеца го снимал Џафери пред Собрание, што се покажало како неточно.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККПС) констатира дека двајца полициски службеници од Одделението за лично обезбедување на претседателот на Собранието постапиле спротивно на правилата и прописите на МВР (чл.11, став 1, алинеа 3 од Правилникот за работите за обезбедување на личности и внатрешно обезбедување на објекти). Едниот од нив, исто така, постапил и спротивно член 3 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи. Воедно  било констатирано дека раководниот работник при ОЗОЛО иако бил запознат за преземените мерки на двајцата полициски службеници во врска со неовластено снимање, одлучил да не подготви поднесок со што постапил спротивно на чл11, став 2 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи. ОВККПС против тројцата полициски службеници поднесе иницијатива за поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност, согласно одредбите од чл.208 став 1, точка 10 од Колективниот договор на МВР до овластениот предлагач, велат од МВР за Фокус.

Треба да знаете
Последни објави