Британската мултинационлана компанија Економист ќе го намали бројот на вработени за седум проценти на светско ниво, поради што 1.300 луѓе ќе ги изгубат работните места, како последица на епидемијата со новиот коронавирус.
Поради влијанието на пандемијата на пазарот на печатени медиуми Економист одлучи списанието за култура „1843″ во иднина да излегува само во дигитален формат.
Со отпуштањето нема да биде засегнати уредниците на Економист, а најголемиот број на откази ќе бидат поделени во маркетиншката агенција ТВЦ, што е дел од медиумската групација.
Како дополнителни мерки во процесот на заштеда, извршната директорка Лара Боро, главниот и одговорен уредник Зани Минтон Бидојс и раководниот тим, како и одборот доброволно прифатија намалување на платите.