Постапувајќи по кривичните пријави доставени од страна на Државниот пазарен инспекторат против 13 правни лица и 13 физички лица- како одговорни лица- управители на правните лица, како и четири кривични пријави против пет лица поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе предлози за издавање казнен налог заради сторено кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од чл.206 од Кривичниот законик.
Имено, во текот на месеците март и април 2020 година тринаесетте обвинети како одговорни лица – управители на правни лица не постапиле според Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забранува работа на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници и истите се затвораат за посетители, не постапиле по истата и дозволиле објектите да работат. При контрола од државни пазарни инспектори било констатирано дека обвинетите даваат угостителски услуги на лица, со што одговорните лица – управители на правните лица сториле кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од чл.206 ст.1 од КЗ, а со дејствијата на одговорните лица – управители на правните лица правното лице сторило кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од чл.206 ст.2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик.
Обвинителството поднесе предлози за издавање казнен налог спрема обвинетите Основниот суд Битола му предложи на управителите на правните лица, како и на и на петтмината што биле затекнати за време на полициски час како се движат без да поседуваат дозвола, да им се изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност. Воедно на правните лица да им биде изрече парична казна во износ од по 100.000,00 денари.