Над Бенгалски Залив се формира досега најсилна бура

За помалку од 36 часа милиони луѓе во Индија и во Бангладеш ќе бидат на патот на суперциклонот кога било забележан во Бенгалски Залив.

Силни ветрови и обилни дождови им се закануваат на регионот што се бори со пандемијата од Ковид-19.

Суперциклонот Амфан синоќа е забележан во Бенгалски Залив, а ветерот достигна брзина и до 270 километри на час.

Се предвидува Амфан да ја погоди индиско-бангладешката граница в среда навечер, во близина на индискиот град Калкута, во кој живеат над 14 милиони луѓе.

Амфан може да донесе обилни дождови и во најголемиот бегалски камп во светот во Кокс Базар, каде се сместени речиси еден милион Рохинџи, кои побегнаа од соседен Мјанмар.

Треба да знаете
Последни објави