Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес, потврден е само еден позитивен случај со Ковид-19 во Битола.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни.
Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.