Благодарница за успешната плодна соработка, доби градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски од страна на командирот на ПСОН Кисела Вода Љупчо Ѓурчевски, по повод Денот на полицијата, 7 Мај.
Во просториите на Општината тие остварија средба на која дискутираа за досега сработеното, како и за она што во моментов е најактуелно, преземените заеднички чекори за справување со ширењето на Корона вирусот и заштитата на граѓаните.
Градоначалникот Темелковски ја потенцираше својата подготвеност за понатамошна соработка, како и за планираните заеднички проекти со полицијата, со цел поголема безбедност, нејзино доближување до граѓаните и стекнување на поголема доверба во институциите на системот.