Демократскиот фронт побара денеска од Душко Марковиќ, претседателот на Владата во Црна Гора да ги истражи сите сомнежи дека се подготвува атентат над пратеникот Милан Кнежевиќ, како што објавија некои медиуми во земјата, но и во регионот.
Во писмото до Марковиќ меѓу другото се наведува дека имаат прибрано многу информации за овој случај, но со оглед дека темата е увствителна во време на запалива политичка атмосфера која владее во Црна Гора, не сакаат дополнително да ги подгреваат страстите во јавноста со сите детали и имиња вклучени во ова „акција“. Тие од премиерот очекуваат во соработка со службите да ги испита сознанијата и истите да ги потврди или демантира.
-Оваа информација се појави во јавноста во петокот, а ниту една служба на тоа не реагираше. Примиерот може, а и немора да одговори, но очекувам денеска министерот за внатрешни работи да ми даде дозвола за носење оружје мене, на моето обезбедување и членовите на моето семејство. Од државата не барам никава полициска придружба, но барам да му се одбри носење на оружје за да најдеме начин да му се спротивставиме на секој обид за ликвидација – вели меѓу другото Кнежевиќ.