На 18.05.2020 во 09.30 часот во ОВР Кавадарци, од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека во близина на Тиквешко езеро, во атарот на с.Ресава, било пронајдено починато лице.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци и било констатирано дека се работи за П.И.(71) од Прилеп.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.