СЗО има поважна работа отколку сега да се занимава со Трамп

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Фадела Шаиб изјави дека СЗО нема непосреден коментар за писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, но очекува дека, откако работите ќе станат „појасни”, ќе реагира подоцна во текот на денот.

Трамп, на Твитер објави писмо до СЗО, во кое се заканува дека трајно ќе го прекине финансирањето на Организацијата и ќе го преразгледа членството на САД во СЗО, освен ако организацијата не покаже „значително подобрување” во наредните 30 дена.

– Го видов писмото и, за сега, немам никаква изјава за тоа. Во моментов сме многу зафатени со обидот да ја финализираме нашата агенда за состанокот на Светското здравствено собрание, рече Шаиб на состанок на ОН во Женева.

– Секако, сигурна сум дека подоцна сè ќе биде појасно и ние ќе реагираме на тоа, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави