Реакција на прес-конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се грижела здравјето и интересите на граѓаните, напротив најчесто работи против се што е добро за граѓаните. Така е и денеска, кога пропаднатиот Христијан Мицкоски исплашен од пораз, бега од изборно соочување и се заканува да ја вовлече државата во политичка криза и тоа само за да си ја спаси фотелјата во белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, подддржа распишување избори, влезе во техничка влада која е задолежена за организација на избори, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури има и свое бројче на гласачкото ливче, а денес бега од изборно соочување.
Сите аргументи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се победени. Сите услови кои тој ги постави сега се исполнети. Условите на Мицкоски за избори се исполнети. И според Комисијата која дава точни протоколи и за кампањата и за изборниот ден и според ОБСЕ кои потврдија дека ќе го набљудуваат изборниот ден. Неговата позиција за избори кога ќе имало нула заболени е незрела и неодговорна – целиот свет, СЗО, сите зборуваат дека ние уште долго ќе живееме со коронавирусот.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку своето незрело однесусвање, нема да успеат да ја внесат државата во дополнителна политичка криза. Без договор, изборите по сила на закон мора да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, односо на 21 јуни, ако вонредната состојба заврши на 30 мај.
Колку и да не сака, Мицкоски ќе мора набрзо да се соочи со казна на изборите, за сето негово однесување кое е на штета на граѓаните.