Европската канцеларија за статистика објави дека Словенија е една од земјите каде што е регистриран најголем пад на градежништвото, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според податоците на Еуростат, обемот на градежни работи во еврозоната се вкупно се намалил за 15,4 отсто, а во целата Европска унија за 13,4 отсто.
Најголем пад е забележан во Франција и тоа од 40,2 отсто, потоа е Италија со 36,2 отсто. Словенија е трета која бележи минус од 11,9 отсто.
И покрај кризата со новиот коронавирус сепак некои држави членки на Европска Унија забележаа раст во овој сектор. Најголемиот според Еуростат е во Романија со 2,1 отсто, потоа следува Германија со 1,8 отсто, а трет најголем раст во градежништвото направи Холандија, каде тој изнесува 1,5 отсто.