Истите судијки, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова, кои го судат случајот „Рекет“, ќе го судат и случајот за „Меѓународен сојуз“, за кој обвинението неодамна беше прифатено во целост, потврдуваат за „Фокус“ од Кривичниот суд.
Разликата е во тоа што сега судијката Гаврилова -Ефремова е претседател на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.
Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и пратеничката Фросина Ременски.
Засега не е одреден датум за главната расправа.
Од друга страна, завршни зборови за „Рекет“ се закажани за наредната недела кога може да биде донесена и пресуда.