Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) според „Тутомеркато“ смислала сценарио како да ја заврши прекинатата сезона во меѓународните клупски натпреварувања Лигата на шампиони и Лига Европа, кои ја прекинаа елиминациската фаза поради пандемијата со коронавирусот која го зафати целиот свет.
По завршување на преостанатите натпревари од осминафиналето во елитното натпреварување ЛШ, би се играло по еден меч меѓу тимовите во четвртфиналето, по што ќе бида познати полуфиналистите кои потоа ќе играат на Ф4 турнир во Истанбул, каде беше закажана завршницата од ова натпреварување.
Четирите најдобри од Лига Европа пак завршницата ќе ја играат во Гдањцк по истиот рецепт.