На есен се очекува втор бран на вирусот Ковид-19, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, појаснувајќи дека голем број студии и искуства од други земји ги докажале таквите прогнози.
Филипче истакна дека и покрај зголемените бројки, епидемијата е под активна контрола.
-Најголемата опасност за ширење на вирусот се приватните собири и групирања и затоа мора да ги почитуваме мерките. Бројот на заразените е од познати кластери, а има заразени и од групни собирања. Заклучокот на Комисијата е дека зголемениот број е олабавувањето на мерките. Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Во ниту еден случај не се преоптеретија капацитетите. Рестриктивните мерки се опуштаат секаде со цел враќање на животот во нормала. Комисијата донесе план за олабавување на мерките, но вирусот е тука и никој не е имун. Корона вирусот нема да исчезне и мора да стекнеме имунитет. Се подготвуваме за нов бран на есен и ќе го дочекаме спремни со средени инфективни одделенија, нови апарати. Докажавме дека можеме да се соочиме со овој вирус, вели Филипче.