Францускиот научен совет за борба против новиот коронавирус денеска соопшти дека во јуни може да се организира втор круг на општински избори во јуни, јави дописникот на МИА.
Вториот круг од изборите беа закажани на 22 март, но беа одложени поради пандемијата.
Советот истакнува дека ќе биде неопходна нова здравствена проценка 15 дена пред одржување на вториот круг од изборите.
Извршната власт предвидува изборите се одржат на 21 или 28 јуни.
Лидерите на партиите се очекува во среда во Матињон (седиштето на премиерот) да разговараат за оваа одлука.