Амбасадата на Русија во САД го обвини „Њујорк тајмс“ дека одбил да објави споредба на стапката на смртност од Ковид-19 во Москва, Лондон и Њујорк откако претходно ја обвини Русија дека не известува за стапката на смртност од оваа болест, пренесува РТ.
На 11 мај, „Њујорк тајмс“ објави статија во која се тврди дека ја решиле мистеријата околу релативно пониската стапка на смртност од Ковид-19 во Русија, што е под светскиот просек.
Наведувајќи ја официјалната статистика, весникот истакна дека бројот на смртни случаи во Москва во април го надминал петгодишниот просек за истиот период за повеќе од 1.700 случаи. Заедно со официјалниот број на жртви на Ковид-19 во градот, само 642 во тоа време, со ова обвиненувајќи ги руските власти дека пријавуваат значително помалку случаи.
Во понеделникот, весникот објави писмо од највисокиот службеник во здравството на Москва, Алексеј Хрипун, во кое се вели дека бројките „не ја откриваат причината за смртта и варираат многу за секој случај“, додавајќи дека во руската престолнина имало 11.846 смртни случаи во април, зголемување за 1.841 во однос на април 2019 година – но за само 985 во споредба со истиот месец во 2018 година. Исто така, само 639 од смртните случаи во април 2020 година последица на Ковид-19.
„Вршиме обдукција во секој случај и затоа сме сигурни во точноста на нашите податоци. Зголемувањето на стапката на смртност е нормално со зголемување на акутни респираторни вирусни инфекции, кои ги влошуваат основните заболувања. Но, дури и ако сите дополнителни смртни случаи за април во Москва му се припишат на коронавирусот, стапката на смртност во Москва од Ковид-19 би била пониска од стапките во Њујорк и во Лондон“, рече Хрипун.
Руската амбасада во САД тврди дека „Њујорк тајмс“ одбил да ја објави компаративната статистика за да го илустрира ставот на Хрипун. На својата страница на Фејсбук, таа објави дека била цензурирана тажната споредбена статистика за Москва, Њујорк и Лондон.
Москва постојано ги критикува западните медиуми за нивното неточно покривање на борбата на Русија против пандемијата на Ковид-19 и бидејќи ги обвинувааат надлежните органи за пријавување помал број на жртви, без да дадат доволно докази.
Претходно месецов „Блумберг њуз“ објави сторија под наслов „Експертите сакаат да знаат зошто коронавирусот не уби повеќе Руси“. Насловот брзо предизвика реакција на интернет и беше оценет како ужасен од портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
По предизвиканиот гнев, „Блумберг“ го смени насловот во „Експертите прашуваат зошто коронавирусот не уби повеќе Руси“, а подоцна и во „Експертите се сомневаат во руските податоци за смртноста од Ковид-19“.