Џулијен Мур тажна дека не била со синот кога дипломирал на колеџ

Џулијен Мур се етаблираше меѓу најистакнатите актери од својата генерација, со многу емотивни и незаборавни улоги во текот на нејзината речиси 40-годишна кариера.

И во редок потег, нетипичен за неа, оскаровката своите лични емоции ги изнесе во јавност откривајќи дека „срцето ѝ е скршено“ поради тоа што семејството не можело да биде со синот и да го слави денот на неговото дипломирање.

Келеб е меѓу милиони матуранти и средношколци кои мораа да пропуштат било каков вид традиционална церемонија во услови на пандемија на Ковид-19.

Како резултат на рестрикциите актерката (59) не можеше да присуствува на настанот, но сепак, на својот Инстаграм сподели фотографија од 22-годишниот син на денот на дипломирањето.

Треба да знаете
Последни објави