д платформите поставена во Охридско Езеро која беше отстранета кон крајот на месец септември минатата година, односно по летната сезона во Охрид, а е лоцирана на плажата Канео, сега повторно е поставена на истото место. Од неа, беа извадени само штиците, но не и металната конструкција. Пред почетокот на овогодинешната туристичка сезона, платформата е повторно наместена на истото место каде што беше. Ваквиот потег создаде револт кај жителите на Охрид, но и еколошките здруженија.
Од „Охрид СОС“, вината за ова ја гледаат кај Општина Охрид и Владата, за кои сметаат дека ја лажат јавноста, но и УНЕСКО со наводно воспоставување на ред во градот.
https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/pcb.2651012215177419/2651011435177497/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARD4R6Z7HvO_I2dzGLOmQpN4X03UEIO_gnjVaMlwC_HXMY-0FD9TU2BR3w38PMcREG_THkD_Y7og_h0H&__xts__%5B0%5D=68.ARAhVKK_XlP8sTrFzqQGdkk5ei34touR82jSsuZGK64_ed01e2SkMB-ADKx4nZhYPk1nbDvkGkP9aMveoMBBZDQCl6MiEcSiGOwDtWhZ1jfM-7RlwvIq8-GJdhBNh0PLoVdjknx3cHDmP5kbOcmAYUVoDi-vTRBYnC4gKzrLv22KvSr5a8MEhytEUUty95br0-w_sAdZOWaF1w1VjeszDGucLd8n_J_L4TyHY4NVCg6aefgycY6Q4QV89WBsdJzUtBFf3leuO7RP3A6ikJa7XwUOEL3HvK1C5iVrgfC2mwi7Z6KnmrsESUhoWHULjTfIWx3Glbr_pQFqGz4bFbJa9lQGD1vV
,,Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство. Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO. Секоја штица е обележана со број, знаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи“, реагираат од „Охрид СОС“.
Платформата на плажата Канео беше отстранета при спроведена акција од страна на Општина Охрид за рушење на дивоизградени платформи во езерото на потегот од „Ј’но“.