Роби Вилијамс ќе им се придружи на своите поранешни колеги од познатиот британски бенд „Тејк дет“ и тие ќе настапат заедно во онлајн концерт за добротворни цели.
Поп-ѕвездата (46) и бендот од врвот на топ-листата, во кој се Гери Барлоу, Хауард Доналд и Марк Овен, се подготвуваат за нивниот прв заеднички настап по две години, среде пандемија на Ковид-19.
„Навистина се радувам за повторниот настап со момците – тоа секогаш е задоволство,“ рече Роби.
Свирката е закажана за 29 мај и ќе се емитува во живо на Јутјуб (Meerkat Music) и на „Фејсбук лајв“.
Групата, од удобноста на своите домови, ќе изведе некои од нивните најпознати хитови.