Неодамнешните санкции што Украина ги наметна против музеите, културните локации и научните организации на Крим немаат практичен ефект, вели рускиот постојан делегат во УНЕСКО, Александар Кузњецов, пренесува „Спутник“.
„Ставањето културни и едукативни места на Крим на овој т.н. список со санкции покажува дека украинските власти ги гледаат овие места, кои, според Киев, се наоѓаат во Украина, со презир и рамнодушност“, рече Кузњецов додавајќи дека т.н. санкции немаат практична употреба.
Кузњецов исто така истакна дека Крим нема ефикасна соработка со УНЕСКО во услови на притисок од Киев и од неговите западни сојузници.
„За нив, Украина и западните земји главно е да продолжат да го иницираат прашањето за територијалниот спор на Крим бидејќи го отфрлаат историскиот избор направен во 2014 година кога огромното мнозинство од кримското население гласаше за обединување со Русија“, рече тој.
На 14 мај украинскиот претседател, Владимир Зеленски, го прошири списокот со санкции во Киев против руските државни институции и приватни компании и на него вклучи музеи, универзитети и културни места. На листата со санкционирани се најдоа Државниот универзитет во Москва, Руското географско друштво, музејот „Ермитаж“, како и едукативни установи и научни организации на Крим.
Полуостровот повторно влезе во рамките на Русија пролетта 2014 година по промената на власта во Украина и регионалниот референдум, на кој повеќе од 95 отсто од гласачите го поддржаа повторното обединување. Западните земји и Киев не го признаваат новиот статус на Крим и ја обвинија Москва за мешање во внатрешните работи на Украина, но Москва ги негира сите тврдења за мешање и тврди дека референдумот е спроведен во согласност со меѓународното право.