Шекеринска кон Николовски: Ако некој физички ве следи пријавете кај Чулев „Да не е смешно ќе биде трагично, ама апсолутно е неодговорно да се фрли петардата и да се каже не можеме ништо да направиме. Минумум што можете е да одите да пријавите кај вашиот министер и тој да спроведе истрага, за тоа е платен и да открие кој тоа го следи врвот на ВМРО ДПМНЕ како што тука тврди Николовски. А не вака, да пукате во јавноста и да ги минимизирате сите важни прашања. Граѓаните сакаат влада со мандат, таа ќе го реши вториот бран пандемија, таа ќе ја реши економијата и не веруваат веќе во вакви флоскули за дефокусирање на јавноста.“- му одговори Радмила Шекеринска од СДСМ на Александар Николовски на телевизија 24 откако опозицискиот преставник тврдеше дека е прислушкуван и физички следен.
Сите овие измислици ВМРО ДПМНЕ сега ќе ги користи само за да не се зборува за избори и за успесите на владата во здравствената криза.
„Вие нема да сакате избори ниту во септември. Еден пример е доволен, ова е лажна грижа за здравјето. Еве не сакате кампања во вакви околности, тогаш зошто вашиот единствен министер во владата спротивно на сите препораки, направи прослава со 50- тина луѓе околу него? Четворица од луѓето кои биле на оваа прослава на Чулев се заразени со Ковид. Како тоа сега ВМРО ДПМНЕ вели не можеме избори, не можеме собири, а Чулев организира полициски прослоави со заразени околу него. Ние влеговме во НАТО и не направивме никаква прослава, а вие за еден Ден на полицијата снимавте спот и славевте и сега вие не сте за избори оти луѓе ќе имало на нив.“- му аргументираше Шекеринска на Николовски.