Во матичниот објект на ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и претставници од компанијата CLEAN MAX, ги најавија активностите за дезинфекција и санитизација на детските и бебешките душеци во сите градинки во Цантар.
Со користење современа технологија и револуционерен систем за дезинфекција, ќе се санитизираат, чистат, освежат и заштитат површините на душеците во детските градинки во Центар.
„Почнувајќи од денеска, овие акции ќе се спроведат во трите градинки на територијата на општина Центар: „Кочо Рацин“, „Р. Ј. Корчагин“ и „13 Ноември“ и ќе бидат опфатени другите 11 објекти – клонови на градинките. Со оваа активност, донација од компанијата CLEAN MAX, ќе бидат дезинфицирани и санитизирани вкупно 1.955 дестки и бебешки душеци“, изјави градоначалникот.
„Како компанија сметавме дека ова е вистинско време да преземеме дополнителни заштитни мерки за зголемена безбедност и воедно безбедно враќање на децата во градинките. Се врши инспекција од можна појава на тавтабити и доколку се утврди дека постои појава на креветни тавтабити, се продолжува со следниот процес каде што се врши вшмукување на правот, мртвата кожа и влакната, кои се наоѓаат длабоко во душекот Следната револуционерна фаза во нашата технологијата е УВЗ-технологија, која научно е докажана за уништување на сите видови бактерии, вируси, други микроорганизми и нивно размножување“, изјави Дијана Бадаровска-Мицова.
Покрај оваа мерка, која се презема како дополнителна заштита и зголемена безбедност против Ковид-19, во општина Центар почнати се скрининг-тестирања за воспитно-образовниот кадар и другиот персонал во детските градинки во Центар како заштитна мерка пред донесување на уредбата од Владата за отворање на градинките.