Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува во академските онлајн дијалози наречени „Корона дијалози”, на тема „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз туризмот и угостителството”.
Овие дискусии имаат за цел да ја вклучат академската заедница, професорите и студентите во размена на мислења, а со тоа и креирањето на јавните политики преку интеракција со институциите и реалниот сектор.