Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев за ТВ Стар Штип
Ако Зоран Заев е убеден во победа тогаш зошто не одговора на прашањето дали ќе се повлече од функцијата претседател на СДСМ кога ќе ги загуби изборите?
Анкетите покажуваат дека над 70 проценти од македонските граѓани се против брзи избори. Заев оди наспроти волјата на огромнот мнозинство граѓаните.
Зоран Заев и натаму дрско ја лаже македонската јавност, тој не се грижи ниту за економската, ниту за здравствената добросостојба на своите граѓани. Доказ за колку Заев се грижи за сопствениот народ е голготата која македонските граѓани ја преживеаа изминатите три години откако СДСМ е на власт, пцостите и навредите кои самиот ги упати кон граѓанитеи, поразите кои и ги сервираше на државата како и притисоците врз целата македонска јавност за брзи корона избори.
На 21 јуни Заев наместо гласови сака Македонија да ги брои жртвите и заболените од опасниот коронавирус. Во изминатите 5 дена во Македонија има 118 нови заразени од коронавирусот, а 5 лица починаа. Да се грижеше барем малку за здравјето на граѓаните немаше да притиска изборите да се одржат час поскоро во време кога нема услови за фер и демократски изборен процес и кога здравјето на граѓаните е ставено под знак прашалник.
Бизнис сектор исто така апелираше дека во моментов нема услови за брзи избори, потенцирајќи дека во моментов на стопанството не мѕ се потребни избори туку мерки за спас на економијата која е урнисана. Граѓаните како и стопанствениците се излажани, нема ниту “е“ од економските мерки кои толку помпезно беа најавувани, загубите на стопанството се бројат во милиони, повеќе од 100 илјади македонски граѓани се оставени без работа или добиле привремен отказ.
Граѓаните се свесни дека за човекот кој се колнеше во своите деца и претци и лажеше нема поствето од фотелјата, токму поради ова граѓаните ќе го казнат Зоран Заев на следните избори.