Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски во „10 Минути“ на ТВ 21 изјави дека во ниту еден случај не може да се организираат избори за 22 дена.
– Согласно информацијата што ја доставивме до претседателот почитувајќи ги роковите за избирачкиот список, некаде се вкупно со се кампањата некаде околу 50 дена и тоа е законскиот рок, не е тоа мој став или моја измислица. Тука комисијата може да направи напор некои рокови и дејствија да ги преклопи да се скратат неколку денови, но во ниеден случај, како што го известивме и претседателот не може да се организираат избори за 22 дена по завршување на вонредната состојба, вели Деркоски.
Сподели