Професорот Јове Кекеновски, од коалицијата ,,Никогаш северна само Македонија” за отвореното студио на ТВ 24 изјави вели дека избори мора да има што побрзо.
„Ние мораме да живееме со коронавирусот и мислам и тврдам дека избори мора да има сега. Логично е по завршувањето на вонредната состоја да продолжат роковите кои што ги имаме согласно изборниот законик. Едни членови на ДИК велат потребни се 35 денови, други велат 50 денови, но најважно е изборите да не бидат подоцна од 12 јули“, смета Кекеновски.
Според Кекеновски за идеални датуми за избори ги издвои 21 или 28 Јуни.