Индиската антитерористичка организација, Национална агенција за истраги (НИА,) синоќа уапси еден од најбараните милитанти на кашмирската терористичка група „Хизбул Муџахедин“, пренесува „Спутник“.
Според НИА, милитантот е идентификуван како Рустам Али и беше баран во врска со убиството на активистот за РСС, Чандер Кант Шарма, и неговиот телохранител во април минатата година. РСС е матична организација на владејачката партија во Индија, БЈП.
Шарма, водечки член на индиската „Рахтрија Свајмасвак Санг“, националистичка организација, а инцидентот предизвика протести низ целата земја.
„Али, наводно, регрутирал млади во милитантните редови во областа Куштвар“, изјави висок официјален претставник на НИА.
Извори во агенцијата откриваат дека Али бил тесно поврзан со командантот на „Хизбул Муџахедин“, Ријаз Наику, кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили на почетокот од овој месец.
Минатиот септември полицијата на Џаму и Кашмир уапси тројца милитанти во врска со убиството од 2018 година на членот на БЈП и активист на РСС, Анил Парихар. Официјални лица изјавија дека двата случаи се дел од заговор за заживување на виените активности и биле спроведени од командантите на „Хизбул Муџахедин“.
Основана во 1989 година, „Хизбул Муџахедин“ бара независност од Индија. Нејзиното раководство главно потекнува од регионот Трал во Кашмир, што индискиот безбедносен естаблишмент го смета за жариште на милитантите.



