Уставниот суд на Косово соопшти дека го следи со загриженост „заканувачкиот јавен дискурс” предводен од сегашниот претседател и премиер, како и други носители на институционални и политички функции.
Во реакцијата се вели дека Хашим Тачи и Албин Курти, кои се обвинуваат еден со друг, вршат притисок врз Уставниот суд и се обидуваат да влијаат, или да прејудицираат врз одлуката на судот за уредбата на претседателот за именување нов премиер.
Во реакцијата се вели дека Уставниот суд остро го осудува таквото мешање во институционалната независност, како и обидот на политичките актери да го вклучат Уставниот суд во секојдневните политички дебати.
„Уставниот суд, исто така, остро ги осудува гласините за одделни судии, како лица кои во овој случај имаат индивидуални овластувања или одговорности за одлучување. Уставниот суд потсетува дека дејствува како целина, заснована врз уставни и законски одредби кои го уредуваат неговото одлучување”, се вели во соопштението. .
Уставниот суд ја уверува јавноста дека нема да биде изложен на вакви притисоци и закани и дека никој не смее да има политичка или јавна заштита, бидејќи Уставот и законот ги даваат сите потребни гаранции Судот да дејствува независно и непристрасно.
Судот ги повикува сите страни во постапката да се воздржат од коментари