Бритни Спирс прва на „Ролинг Стоун“ листата на најдобри деби-синглови

Бритни Спирс е на врвот на листата на весникот „Ролинг Стоун“ на најдобри дебитантски синглови на сите времиња.

38-годишната поп-sвезда, со нејзиниот хит од 1998 година – Baby One More Time (Бејбе уште еднаш), ги претрка славните „Битлси“, „Џексон Фајв“, „Лед Цепелин“ и „Рејдиохед“ на патот кон врвот.

Таа на Твитер изрази благодарност за објавата, и напиша дека тоа е голема чест.

Веднаш зад неа на број 2 е I Want You Back на „Џексон Фајв“. На трето место се „Секс пистолс“ со хитот Anarchy in the U.K. На четвртото место се Ран-ДиЕмСи со класиката Sucker M.C од 1984 година.

Меѓу првите пет е и рок легендата Чак Бери со хитот Maybellene.

Треба да знаете
Последни објави