Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер прогласи вонредна состојба во еден округ откако во ист ден попуштија две брани, предупредувајќи дека центарот на Мидленд би можел да се најде три метри под вода за само 12 часа додека илјадници се евакуираат, пренесува РТ.
Браните во Иднвил и Санфорд во близина на Мидленд попуштија вчера по неколкудневните обилни врнежи од дожд и ја принудија гувернерката да издаде наредба за евакуација за 10.000 жители на областа.
#BREAKING: Evacuation orders issued for areas in and around the city of Midland, Michigan following the collapse of the Edenville Dam. pic.twitter.com/sNMtMNJ73D
— UA News (@UrgentAlertNews) May 19, 2020
„Ако не сте се евакуирале од областа, сторете го тоа сега и засолнете се некаде. Досега не сме виделе вакво нешто во округот Мидленд. Ако имате семејство или пријатели во друг дел од државата, одете таму сега“, се вели во изјавата на Витмер, истакнувајќи дека е ангажирана Националната гарда и предупредувајќи дека градот Мидленд би можел веднаш да биде уништен од поплавите.
A video of Curtis Road Bridge which runs over the Tittabawassee River. #EdenvilleDam #Midland #Michigan #USA #Sanford #Edenville
[Knish] pic.twitter.com/Oiar45pS7r— Aurora Intel (@AuroraIntel) May 20, 2020
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа кои ги покажуваат поплавите и дел од причинетите штети, а еден жител го уловил моментот кога попуштила браната Иднвил.
Another video of the area and the amount of flooding going on. Crazy stuff.#EdenvilleDam #Midland #Michigan #USA
[Knish] pic.twitter.com/XX1lPbx61m— Aurora Intel (@AuroraIntel) May 20, 2020
Локалните власти ги повикаа жителите да се евакуираат што е можно подалеку од реката Титабаваси на повисоко ниво. Во округот има неколку густо населени заедници и голем број хемиски фабрики кои би можеле да бидат унштени од масивната поплава.