Крузерот „Карнивал Меџик“ со 756 патници утрово добил дозвола да се укотви во пристаништето во Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми. Стануца збор за патници кои со месеци беа заглавени по морињата и океаните со крузерот поради пандемијата со короанвирусот.
Меѓу патниците има само петмина граѓани на Хрватска. За другите патници сигурно да се вратат во своите домови е организиран авионски до Романија и Укарина како и автобуски превоз за патниците од Словенија и Унгарија.