Во Србија едно лице починало од коронавирус во последните 24 часа, а присуството на оваа заразна болест е потврдено кај 100 лица, објавено е на веб-страницата Covid19.rs.
Од последниот извештај, односно од вчера во 15 часот, тестирани се примероци од 6.198 лица.
Заклучно со денешниот ден во Србија се регистрирани вкупно 10.833 случаи на Ковид-19.
До 15 часот во Република Србија биле тестирани вкупно 196.881 лице, кои ги исполнувале критериумите за утврдување на случајот.
Хоспитализирани биле 766 лица, на респиратор има 13 пациенти, а излекувани се 5.067 заболени пациенти.
Вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата е 235.