Хјуман рајтс воч ги повика грчките власти да ослободат 276 деца мигранти без придружба од затворите и центрите за притвор низ целата земја, објави „Екатимерини”.
Ова е особено важно сега кога е во тек пандемија на коронавирусот, велат од организацијата.
„Грчкиот премиер треба да ги одржи своите ветувања и да ги заштити децата-мигранти без придружба.
Тој треба да се погрижи децата да бидат ослободени од преполните затвори и центри за притвор каде има лоши, нехигиенски услови, особено сега, кога е во тек пандемија на коронавирус”, соопшти Хјуман рајтс воч.