Напаѓачот на францускиот фудаблски првак Пари Сен-Жермен, Уругваецот Единсон Кавани може да ја продолжи кариерата во Италија. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Интер започнал преговори со менаџерот на искусниот 33-годишен Уругваец.
„Неро-азурите” се активираа околу прашањето за трансферот на Кавани, бидејќи другата цел на клубот, напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, се согласи да го продолжи договорот со неаполитанците.
Договорот на Кавани со ПСЖ истекува ова лето.