Голманот на шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ја изрази својата среќа од продолжувањето на тренинзите.
Оваа недела шпанските екипи започнаа со тренинзи повторно по пауза од два месеци.
– Сите со нетрпение очекуваат обновување на Ла Лига и битката за титулата. Не можевме да дочекаме да тренираме повторно по два месеци, да бидеме заедно како тим. Иако е малку поинаку, секогаш е убаво да се вратиме во „Валдебебас” на тренинзи. Тренингот дома е различен, но мислам дека сите добро работеа и се одржаа во форма. Голманите имаа среќа бидејќи имавме дозвола да тренираме минатата недела со тренер. Оваа недела, кога соиграчите упатуваат удари, постои чувство на вистински тренинг, рече Белгиецот.