Оваа уредба на Владата претставува разумен одговор на забрзаниот развој на технологијата и дигитализацијата кои од корен го променија и унапредија секојдневниот живот, но и бизнисот и забавата.
Позитивните ефекти врз националната економија, како последица на Уредбата на Владата со која се овозможува приредување игри на среќа преку интернет се веќе мерливи и јасно видливи.
Уредбата донесена за време на пандемијата на коронавирусот дава можност на приредувачите на игри на среќа својата работа да ја организираат и преку интернет, а со нејзиното стапување на сила, Македонија повеќе не е единствената европска земја во која онлајн приредувањето игри на среќа е забрането!
Со регулација на онлајн пазарот на игри на среќа повеќекратно се зголемува даночниот приход и се намалува можноста на малверзација и одлив на пари кон странски сајтови за обложувањe и онлајн казино игри регистрирани во други земји. Државната каса ќе биде повеќе полна, додека даноците збирани од најголемите обложувалници и казина ќе се насочуваат кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Според податоците од Министерството за финансии, околу 40 милиони евра се прибираат по основ на посебната давачка од оваа индустрија. Ако на оваа цифра се додаде и персоналниот данок на доход од игрите на среќа кој учествува со околу 10 отсто од вкупно прибраниот персонален данок, станува јасно колку ставот на Владата во овој случај бил правилен и ефективен.
Според проценките на економистите, помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одливаат во други земји на онлајн обложување и игри на среќа. Тие средства сега ќе бидат оданочувани во нашата држава.
Особено е важен моментот во кој беше донесена регулативата, имајќи ги предвид предвидувањата за последиците што пандемијата на коронавирусот ќе ги има врз светската економија и сè почесто спомнување на претстојната рецесија.
Индустријата на игри на среќа обезбедува повеќе од 8000 работни места, а со можноста своите услуги да ги понуди и онлајн, стабилноста на работењето ќе биде поголема, како и сигурноста на вработените. Посредно оваа индустрија поддржува уште 20.000 работни места, имајќи го предвид обемот на услуги кои ги нудат и начинот на кој ја организираат работата.
Организирањето игри на среќа преку интернет подразбира и низа мерки за заштита на играчот, од блокада на налогот до самоограничување. Уживателите на игрите на среќа сега можат безбедно да се забавуваат од удобноста на своите домови.
Оваа уредба претставува разумен одговор на забрзаниот развој на технологија и дигитализација кои целосно го променија начинот на живеење, а доведоа и до бројни промени во бизнисот и забавата. Дефинитивно, една од најголемите предности на онлајн обложувањето е неговата комплетна достапност, намалувањето на трошоците на работење и повеќе можности за нови инвестиции и вложувања. Корисниците на услугите се особено задоволни затоа што можат да се забавуваат без чекање редици, од било кое место и во било кое време со поголема понуда на промоции и бонуси за играчите регистрирани на сајтовите за игри на среќа.
Со регулирањето на интернет приредување на игри на среќа, Македонија се приклучи кон останатите европски земји, кои со години успешно го регулираат овој пазар.