Франција повика на „поголема координација” при повторното отворање на внатрешните граници на ЕУ, во момент кога држави-членки најавија такви потези во пресрет на летната туристичка сезона, јави дописникот на МИА.
-Постои итна потреба да се координираме, и тоа ќе биде моја порака попладнево за време на видео конференција на европските министри за туризам, рече францускиот државен секретар за надворешни работи Жан-Баптист Лемоуан на радио РТЛ.
Тој притоа смета дека не може секој да најавува само од своја гледна точка за отворањето на границите.