Алијасата за заштита на театрот, подржана од албанската опозиција, попладне во 17:30 часот ќе го одржи вториот протест по уривањето на тетарот. По еден ден „пауза” во знак на почит кон муслиманските верници, кои синоќа ја одбележуваа ноќта на Кадр, демонстрантите повтрно ќе се соберат пред зградата на Министертвото за внатрешни работи.
Поради учество на масовен собир, кој во услови на пандемија е забранет, кривични пријави вчера заработија и тројца опозициски лидери, Љуљзим Баша на Демократската
партија, Моника Круемади,на Социјалистичкото движење за интеграција и Фатмир Медиу, на Републиканската парија.
Во меѓувреме,како што пренесуваат медиумите, премиерот Еди Рама се обидува да ги убеди странците дека уривањето на тетарот е законско и оти обвинувањата за примената на насилство од страна на полицијата на завчерашниот протест
е лега.
На Твитер напиша дека има факти кои го „поништуваат тврдењето на производителите на клевета”.
-На средбата со американската амбасадорка Јури Ким, целосна согласност да се гледа напред со исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и финализирање на изборните реформи, напиша Рама.
Средба со амбасдорите на земјите членки на ЕУ на која присуствувал и евроамбасадорот Луиџи Сореца, одржала и обединетата опозицијата.
-Албанија прави чекори наназад, кризата се продлабочува од активностите во последните неколку недели. Тие ја оддалечуваат Албанија од Европа. Опозицијата останува посветена на унапредување на европската интеграција и
исполнување на условите,изјави по средбата лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.
Додаде дека побарале помош од земјите-членки на ЕУ за да Албанија ги исполни условите за интеграција и да отвори преговори.