Признати експерти, советници на британската влада изјавија дека постојат индикации дека децата не го пренесуваат коронавирусот во обем какошто тоа го прават возрасните, но исто така предупредија дека човечкиот имунитет на оваа нова болест може нема да трае долго.
Розалинд Его од лондонската школа за хигиена и тропска медицина изјави пред научниот комитет на Домот на лордовите дека постојат индикации дека децата не го пренесуваат новиот коронавирус во обем какошто тоа го прават возрасните.
„Постојат индикации дека децата се помалку заразни од возрасните, но тоа не е сигурно“, рече Его, кој е во комитетот што ја советува британската Влада за пренесувањето на Ковид- 19 кај децата и во училиштата.
Его рече дека е многу тешко за децата кои не покажуваат знаци на инфекција да кажат колку се заразни, но дека почнале да се појавуваат докази дека има помалку шанси за инфекција од нив.
„Ни требаат повеќе студии за навистина да заклучиме“, истакна таа.
Нејзиното истражување покажало дека има многу пониско ниво на симптоматска инфекција кај лица под 20-годишна возраст – околу 20 проценти од инфекции кои покажуваат клинички симптоми.
„Сметаме дека децата имаат помала веројатност да се разболат, но тоа не е сигурно. Но, ние сме многу сигурни дека децата нема да имаат сериозни последици“, рече таа.
Џон Едмундс, член на Научно-советодавна група за вонредни состојби (SAGE), изјави за научниот комитет Домот на лордовите дека децата се чини дека не играат голема улога во ширењето на коронавирусите, додека кај повеќето респираторни вируси и бактерии тие играат главна улога.
Тој рече дека не се јасни докази за пренесување на вирусот од страна на асимптоматски лица – што може да биде околу 30 или 40 проценти од возрасните.Едмундс исто така предупреди за потенцијално лошата вест дека човековиот имунитет кон новиот коронавирус нема да трае долго.
„Одговорите на антителата опаѓаат со текот на времето кај преживеаните од САРС, така што по неколку години нивните антитела значително се намалија“, рече Едмундс, осврнувајќи се на тешкиот акутен респираторен синдром, кој исто така е предизвикан од еден вид коронавирус.
„Можеме да видиме и од други видови на коронавируси – оние кои предизвикуваат кашлица и настинка – дека поединците немаат особено долготраен имунитет на многу од овие вируси, па затоа се заразуваат повторно подоцна“, рече Едмундс.
“Odgovori antitijela s vremenom opadaju kod preživjelih od SARS-a, tako da su se nakon nekoliko godina njihova antitijela znatno smanjila”, rekao je Edmunds, referirajući se na teški akutni respiratorni sindrom, koji je također uzrokovan vrstom koronavirusa.
“Također možemo vidjeti i iz drugih vrsta koronavirusa – onih koji izazivaju kašalj i prehladu – kako pojedinci nemaju osobito dugoročan imunitet na mnoge od tih virusa, stoga se i kasnije ponovno zaraze”, kazao je Edmunds.