Речиси 800 новозаболени во Германија, над 80 починати

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 797 и сега изнесува 176.007 луѓе. Во последните 24 часа починале уште 83 лица, пренесе Ројтерс. Досега од коронавирус во Германија починаа 8.090 луѓе.

Пред неколку дена германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, рече дека по 15 јуни ќе го повлече предупредувањето за патувања низ светот, кое беше воведено пандемијата на коронавирусот.

Воведениот „карантин“ во средината на март предизвика БДП во првиот квартал да се намали за 2,2 проценти. Во вториот квартал се очекува уште поголем пад на економијата, зашто тогаш беа воведени најголеми рестрикции.

Треба да знаете
Последни објави