Турција воведе дополнителни царини на алатки, делови за автомобили, телевизори

Турција воведе дополнителни царини во висина до 30 проценти за увоз на повеќе од 800 производи, вклучително и на земјоделска механизација, се вели во соопштението објавено во службен весник.

Минатата недела Анкара објави дополнителни царини за увоз на десетици производи, вклучувајќи машини за миење садови, замрзнувачи, накит, музички инструменти и санитарни производи.

До 30 септември, увозот на овие производи дополнително се царинеше со стапка до 30 проценти, а потоа и до 25 проценти.

Турција денес најави дополнителни царини до 30 проценти за увоз на некои градежни алатки, некои производи од челик и железо, резервни делови што се користат во автомобилскиот сектор, телевизори и широк спектар на други производи.

Новите царини може да се намалат до десет процентни поени по септември, и нема да важат за увозот од земји со кои Турција има договор за слободна трговија.

Владата би можела да ги искористи новите тарифи за да го спречи растот на дефицитот на тековната сметка, забележува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави