Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе претстави поинаков предлог за обновување на економијата на ЕУ од оној договорен меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Во изјава за весникот „Оберестерајхише Нахрихтен”, Курц рече дека Австрија сака да покаже солидарност со земјите кои биле особено погодени од кризата, но дека тој верува дека кредитите се вистинскиот начин, а не грантовите.
„Во наредните денови ќе претставиме предлог со наши идеи. Верувам дека е можно да се стимулира европската економија и, покрај тоа, да се избегне консолидирање на долговите”, потенцира тој.
Курц посочува дека Австрија, како и многу други членки на ЕУ, е изненадена од предлогот на Меркел и Макрон.