Одложување на самитот на Франкофонијата до 2021 година

Осумнаесетиот самит на Франкофонијата, првично закажан за декември, ќе биде одложен за 2021 година, како резултат на пандемијата со Ковид-19, соопшти Меѓународната организација на Франкофонијата (ОИФ), чија 50-годишнина требаше да се слави во Тунис, јави дописникот на МИА.

Самитот, што се одржува на секои две години, за време на кој се избира генерален секретар на организацијата, требаше да ги собере шефовите на држави или влади во кои се зборува или се споделува францускиот јазик на 12 и 13 декември 2020 година во Тунис.

Тунис потврди дека е подготвен да биде домаќин на самитот во 2021, кој би требало да се одржи во Џерба.

Франкофонија ја поздрави заложбата на Тунис и го повторува својот интерес за темата „Поврзување во различноста: дигиталниот вектор за развој и солидарност во франкофонскиот простор”, нејзината релевантност е засилена со оваа невидена криза која ги зафати сите земји-членки и владите на ОИФ.

ОИФ обединува има 88 држави и влади: 54 членки, 7 придружни членови и 27 набљудувачи.

Треба да знаете
Последни објави