Свештеникот Френсис Мишел, кој стана познат на социјалните мрежи по тоа што одржа „антимакронска миса” за време на кризата заедно со „жолтите елеци”, е расчинет од католичката црква, јави дописникот на МИА.
На социјалните мрежи, снимките од песната се се уште достапни. Тие покажуваат толпа на „жолти елеци” околу еден свештеник во црква минатата година. Оваа група заедно со свештеникот ја пее песната под полу-забавното, полу-острото око на јавноста: „Емануел Макрон глупак ќе дојдеме да те побараме кај тебе …”
Отец Френсис Мишел кој се наоѓа во Планке, беше известен на 15 мај дека е разрешен од Црквата.
Френсис Мишел ги губи правата соодветно на свештенички статус, како и на црковните достоинства и должности “, се вели во соопштението за печатот од епархијата на Евро, под чија надлежност се наоѓа. Тој отсега нема право ракоположените служенија и следствено на тоа, тој веќе не може да слави Евхаристија, да проповеда, законски да ги извршува сакраментите на Римокатоличката црква.