Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на Фејсбук објави дека поднел Уредба до владата со предлог вработените во МВР да бидат наградени.
-Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од КОВИД-19! Денес потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив. Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот. Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи., напиша Чулев.
https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/160227188837417