Денес во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој што посочи дека СДСМ не е фактор за да си игра и да уценува со здравјето на граѓаните за да се одржат изборите.
„Претседателот Мицкоски во своето јавно излагање го сподели ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа прашање за изборите на 21 јуни, кој и да е датум во јуни што планираат од СДСМ. Морам уште еднаш да потенцирам јавно иако граѓаните веќе го имаат слушнато тоа од мене и од мојата матична партија, од луѓето од кај нас кои што излегуваат во медиумите, СДСМ повеќе не е фактор да уценува и да си игра со здравјето на граѓаните, со чувствата на граѓаните“, истакна Арсовски.
Арсовски додаде дека СДСМ не е фактор бидејќи тие се единствените кои што во моментов сакаат да одат на избори во време кога сите гледаме дека сите параметри кои што самите ги изнесуваат, нема услови за избори.
„Првата вонредна состојба во Република Македонија од страна на државниот врв е прогласена на 18-ти март. На 17-ти и 18-ти март веќе се одлучува да изборите бидат одложени. Мислам дека и во СДСМ заборавиле но ќе ги потсетам дека на 18-ти март имаше само четворица новозаболени од корона вирусот. И тогаш беа одложени изборите. Сега во моментов, денеска гледаме дека има 40 новозаболени притоа тогаш немало починати тој ден кога се одложиле изборите, а денес има еден починат, вчера четворица. Затоа очигледно е дека таму се работи за една офанзива која што сакаат да ја наметнат во јавноста дека треба да се оди на избори, единствено за да се обидат да го намалат поразот кој ги следи“, потенцира Арсовски.
Арсовски образложи дека ќе се оди на избори кога ќе се изполнат условите на правата лидерска средба предложени од Мицкоски, а беа прифатени. Условите беа Комисијата за заразни болести да излезе да каже дека може да се одржат избори., ОБСЕ/ОДИХР, ДИК да излезе со свое мислење и да се усогласи датум за избори со консензус. Арсовски потсети дека во Македонија има најголема смртност од корона вирусот во регионот.