Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски потенцираше дека во изминатиот период се врши голем притисок врз комисијата со цел дел од политичката елита да ги оствари своите политички цели.
-На очиглед на јавноста се повеќе се врши притисок врз комисијата. Меѓутоа јас сум сигурен дека ќе успееме да се надминеме себе си и ќе завршиме со успешен изборен процес кој нема да има никаква дамка на изборниот ден.
За тековните измени во избирачкиот список тој потенцираше дека за 7600 граѓани биле потребни околу 10-тина дена за нивните податоци да бидат обработени и ажурирани во ДИК соогласно измените во Изборниот законик препорачани од ОБСЕ/ОДИХР.
Тој напомена дека никој нема да загуби ако и даде доволно време на Државната изборна комисија да си ја заврши легитимно својата работа, а со тоа да не се овозможи ниту еден од учесниците да го оспорува изборниот процес.
-Во 30 дена има многу граѓани кои вадат лични карти, менуваат адреси, место на живеење на минатите избори таа бројка беше некаде околу 30 илјади граѓани. Значи не е за занемарување бројката која треба да се обработи и која и тоа како сметам дека ќе доведе до ситуација некој да го делегитимира процесот. Јас апелирам цело време да внимаваме, сметам дека никому не му менуваат 15-20 дена плус, ако комисијата ги добие да си ја заврши работата онако како што треба, за да заклучиме дека легитимно се обработил целиот процес.