Израелската армија соопшти денеска дека иранските сили полека се повлекуваат од Сирија, како резултат на израелските напади и зголеменото незадоволство на населението во Иран од економската криза предизвикана од санкциите и последиците од пандемијата.
Наведено е дека тоа повлекување „од разни локации до други пооддалечени места… не е обемно, но е „неоспорно”.
Израелската армија им го соопшти тоа на новинарите, објаснувајќи дека заклучокот се засновал на доверливи разузнавачки информации.
Иран има воени сили во Сирија и ги поддржува екстремистите на Хезболах во Либан, а во Појасот Газа го снабдува Исламски џихад со оружје, обезбедува пари и обука и го поддржува Хамас, кој е на власт во таа палестинската територија.